Воено безбедносната агенција на Србија запленила голема количина оружје на југот на Србија, кое илегално требало да се транспортира во Македонија, а се претпоставува дека било наменето за партиската инфраструктура на најголемите албански партии чии функционери учествувале во вооружените судири во Македонија и на Косово и Метохија, пишува српски Блиц.Според изворите, минатата недела биле запленети неколку илјади пушки, митралези, минофрлачи и рачни бомби, кои припадниците на ВБА ги откриле во близина на Прешево и Бујановац, додека еден странски државјанин и двајца државјани на Србија од албанска националност се обидувале нелегално да ги префрлат во Македонија.
„Се работи за голем товар оружје кое очигледно било наменето за употреба доколку дојде до судир во Македонија или можеби токму за да се предизвикаат инциденти“, наведува извор за Блиц.
Додава дека и пешадиското вооружување требало да послужи дури и за евентуално преземање на власта.
Изворот вели дека оваа акција била составен дел од активностите на ВБА но и други безбедносни служби кои во рамките на засилени мерки на безбедност по наредба на државниот врв, своето делување ги подигнале на највисоко ниво.
Акцијата била извршена во најголема тајност но за тоа биле известени началникот на ВБА и државниот врв кој проценил дека не треба да се оди во јавност со оваа информација.
„Премиерот Вучиќ сметал дека шепкулациите за заплената а толкава количина оружје би можеле да му послужат некому за долевање масло во оган во и онака растресента политика во Македонја“, вели изворот за Блиц.
Додава дека за целата активност биле известени и надлежните македонски служби.
„Истовремено ВБА забележала и појачано движење на припадниците на албанското малцинство од подрачјето на Бујановац и Прешево кон Македонија во претходните денови. Слично е и со Албанците на Косово и тоа пред се оние кои се познати како некогашни припадници на ОВК“, вели соговорникот.Според изворите, минатата недела биле запленети неколку илјади пушки, митралези, минофрлачи и рачни бомби, кои припадниците