Македонско – грчката граница вчера ја минале вкупно 293 странски државјани, од кои 72 од машки и 81 од женски пол, како и на 137 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште три деца кои патуваат без придружба на родител.Потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, како што соопшти МРВ, се издадени на 241 државјанин на Сирија и 52 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од почетокот на годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 89.116 странски државјани, од кои 35.232 се од машки пол, 19.493 се од женски и 34.166 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 225 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.277, Авганистан-26.546 и Ирак-18.290.
Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лица (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, како што соопшти МРВ, се издадени на 241 државјанин на Сир