Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, од кои една е со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет лица.Четириесет и осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола и четворица возачи поминале на црвено светло на семафор.
Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 81 возило.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи што не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Никола Вапцаров“, општина Чаир.
Со почеток во 10 часот стечајните и технолошки вишок работници на Република Македонија ќе одржат мирен протест. Истиот ќе започне од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија и ќе продолжи пред Собранието на Република Македонија на ул. „11 Октомври“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.Четириесет и осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќ