Вчера се треселе двата краја на светот

Силен земјотрес, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, го погодил југоисточниот дел на Иран, соопштил денес американскиот Геолошки институт.Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени, а CNBC наведува дека земјотресот бил регистриран во петок, на 58 километри североисточно од градот Керман, кој има 821.000 жители.
Првобитно било објавено дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени. Бил регистраиран на длабочина од 10 километри.
Британската агенција нагласува дека земјотрес со оваа јачина се смета за силен и дека може да предизвика голема штета.
Минатиот месец во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој го погодил западниот дел на Иран, загинале 530, а повредени биле повеќе од 9.000 луѓе, потсетува “AP”.
Во земјотрес со јачина од 6,6 степени во 2003. година, целосно бил уништен историскиот град Бам, на југот на земјата, а притоа загинале 26.000 луѓе.
Земјотрес и во САД 
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер ја погодил американската сојузна држава Далавер, соопштил американскиот Геофизички институт.
Епицентерот на потресот се наоѓал во близина на градот Литл Крик, пренесува Washington Post.
Земјотресот се почувствувал и во Вашингтон.
Засега нема информации дали потресот предизвикал евентуална штета или дали има повредени.
 Се тресела и Папуа Нова Гвинеја
Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погодил денес Папуа Нова Гвинеја, сооопштил Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 2:50 часот, на длабочина од 60 километри, навел Евромедитеранскито сеизмолошки центар.
Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту за причинета материјална штета, а предупредување за цунами не било издадено.
 
 

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени, а CNBC

Пронајдете не на следниве мрежи: