Постојат многу причини за прекинот на пријателството со некој преку Фејсбук, и често оние со кои се прекинува пријателството никогаш не дознаваат зошто ги „избришале“.Истражувачите од Универзитетот во Колорадо посакаа да откријат зошто престануваат пријателствата на Фејсбук. Како што пишува Сајнс Дејл, со желба го одгатнат овој модерен феномен, тие спровеле анкета со 1077 испитаници.
Истражувањето, кое е инаку прво што го обработува овој феномен, открива дека најчесто прво се ослободуваме од пријателите од средно, потоа пријателите на пријателите, па пријателите на работа и на крајот пријателите со кои делиме заеднички интереси.
Коавторот на истражувањето изјавува дека најчесто ги прекинуваме онлајн контактите со луѓето со кои не се сложуваме за религија и политика.
А тоа најверојатно се истите оние пријатели со кои се знаеме најдолго, односно со оние со кои сме се запознале уште кога не не интересирале политиката и религијата.
Иако луѓето претежно ги бришат пријателите заради содржините на нивните објави, активностите од реалниот живот најчесто се кобни за пријателите од работа. Откриено е дека луѓето престануваат да бидат пријатели со колегите од работа заради работите што ги прават во реалниот живот, а не заради тоа што го објавуваат.
Друго истражување пак, ги опфати емотивните последици на бришењето од Фејсбук. Истражувањето покажало дека корисниците што се избришани се чувствувале изненадени, погодени и тажни. Ако сте биле блиски со таа личност, таа ќе се налути.
Исто така, оние со кои е прекинато пријателството изјавиле дека се чувствуваат подобро по разговор со пријателите на темата.Истражувачите од Универзитетот во Колорадо посакаа да откријат зошто престануваат пријателствата на Фејсбук. Како што пишува Сајнс Дејл, со желба г