Лимонот и медот повеќе не се единствениот лек што треба да го консумирате за да си олесните од досадната кашлица.Лимонот и медот повеќе не се единствениот лек што треба да го консумирате за да си олесните од досадната кашлица. Експертите за кашлица и респираторна медицина веруваат дека чоколадото е дури и подобро. И добрата вест за љубителите на слатко е дека постојат доволни истражувања за да го потврдат ова тврдење.
1. Чоколадото ја смирува кашлицата
Резултатите од една голема студија за изнаоѓање на лек за кашлица која е спроведена во Европа, покажува дека новиот лек кој содржи какао е подобар дури и од linctus (сируп со сладникав вкус кој има локално дејство врз слузницата на грлото). Со споредбата на чоколадото и linctus се открило дека пациентите кои земале медикамент базиран на чоколадо имале значително подобрување на симптомите на кашлица за рок од само 2 дена. Магичната состојка на какаото е подобар лек за смирување на кашлицата и од сирупите на база на кодеин, кои се најраспространети.
Какото има повеќе вискоза од стандардните лекови за кашлица, така што формира слој кој ги штити нервните завршетоци во грлото, и го спречува поривот на кашлање. Топлото чоколадо пак, го нема истиот ефект, како и какаото како напиток, бидејќи не се доволно во контакт со грлото за да се формира заштитна обвивка.
2. Има само еден вид на кашлица
Сите кашлици се предизвикани поради инфекција на респиратоениот тракт придружена со настинка или грип. Со ваквиот тип на инфекција не постои вистинска разлика помеѓу сува и кашлица која е проследена со мала количина на слуз.
Не е слузот тој кој ја предизвикува кашлицата, туку инфекцијата која го напаѓа телото и нервите на долниот дел на респираторниот тракт. Лимонот и медот повеќе не се единствениот лек што треба да го консумирате за да си олесните од досадната кашлица. Експертите за кашлица и респирато


