Запекот е непријатна ситуација за било кој човек. Тоа е непријатност која сите ја имаат доживеано: некои почесто, некои поретко. Затоа ви приложуваме неколку совети за справување со оваа непријатна ситуација, кои ќе ви помогнат да се справите со запекот кој се јавува како последица од неколку активности.Стрес
Стресот е најчест фактор за појава на тврда столица. Нервниот систем игра важна улога во здравјето на гастронтестиналниот систем. Справете се со стресот и ќе го решите проблемот со вашата столица.
Физичка активност
Сигурно веќе знаете дека вежбањето е добро заради многу причини, а како една е и влијанието врз вашата столица. Затоа, гледајте да бидете поактивни.
Патување
Многу луѓе кога патуваат некаде, јадат поинаква храна на која организмот не е навикнат, што може да доведе до промена во работата на дигестивниот систем. Затоа е најдобро секое утро да јадете житарки кои содржат влакна кога сте отидени некаде на друго место.
Дехидратација
Водата е од особено значење за здравјето. Важна е врската која водата ја создава со хранливите влакна. Ако внесувате доволно влакна, но не и доволно вода, тоа може да доведе до тврда столица.
Хронична болест
Ако запекот ви предизвикува болка, тогаш појдете кај вашиот лекар. Не губете време, затоа што таа состојба може да води до хронични периоди во кои би се пореметил нормалниот циклус за одење во тоалет.
Тироидна жлезда
Проверете дали вашата тироидна жлезда нормално функционира. Тироидната жлезда која функционира нормално, произведува хормони кои се поврзани со многу процеси во телото, вклучувајќи го и дигестивниот систем. Големи се можностите за појава на запек без овие хормони.Стрес
Стресот е најчест фактор за појава на тврда столица. Нервниот систем игра важна улога во здравјето на гастронтестин



