Ова писмо од Србија напишано од 16-годишно момче го потресе целиот регион. Детето вели дека со неговата сестра ќе биде убиена од татко си, па бара засолниште.– Живеам со татко ми и сестра ми постара од мене три години, од 2002 до сега. Мајка ни нѐ напушти. Татко ми е тешка пијаница и насилен е, јас и мојата сестра веќе не можеме да го издржиме ова. Од минатата година живеам кај баба, но тој дојде и тука, па сега и неа ја малтретира. Со вила, камења и цигли, што му дојде при рака со тоа нѐ тепа, вели момчето во писмото.
Потоа, тоа продолжува дека ако постојат добри луѓе кои ќе го прочитаат ова, бара од нив засолниште, само да не се на улица и да се сигурни дека татко им нема да дојде по нив.
– Го пишувам ова зошто знам дека има луѓе со добра душа, пишува момчето.
– Живеам со татко ми и сестра ми постара од мене три години, од 2002 до сега. Мајка ни нѐ напушти. Татко ми е тешка пијаница и насилен е, јас