Светска премиера на спортското купе GTEКупе со четири врати инспириран од спортските автомобил со ексклузивен дизајн и иновативен plug-in хибриден погон.
Volkswagen го претстави спортското купе GTE со четири врати на автомобилскиот саем во Женева. Концепт автомобилот со врвна технологија овозможува поглед кон идниот дизајнерски јазик на Volkswagen и е позициониран повисоко од актуелниот Volkswagen CC. Хајнц-Јакоб Нојсер раководител на секторот за развој, ја објасни целта на GTE студијата: “Овој концепт автомобил кој го одзема здивот е предодреден да постави нови стандарди во класата, благодарение на новиот дизајн и новата технологија.
Кај новиот концепт, спортското купе GTE, повеќе од кога било досега, предната решетка е целосно споена со светлата со логото на Volkswagen, кое е поставено на средината, со што се добива една сосема нова форма на предниот дел. Линијата на покривот има заоблен облик и се протега од столбот А, кој е така поставен што овозможува многу подолг поклопец на моторот, се до задниот дел на каросеријата. Кај задниот дел доминира ниско поставениот С столб.
Севкупниот впечаток на врвно технолошки направениот концепт автомобил го заокружуваат 21 инчните тркала со пет краци и отворите за воздух кои се поставени на предниот браник и на предните врати.
Покрај револуционерната надворешност, спортското купе GTE исто така, поставува стандарди и со својата внатрешност: чистиот дизајн, ергономската перфекција и новите интерактивни системи создаваат авангардна атмосфера во внатрешноста на купето.
Благодарение на V6 TSI моторот со 279 kW / 380 КС спортското купе GTE со plug-in хибриден погон е автомобил со високи перформанси кој овозможува долги патувања со нула емисија на штетни гасови, благодарение на двата електрични мотори. Концепт возилото постигнува максимална брзина од 250 km/h, а просечната потрошувачка на гориво изнесува 2 литри на 100 km.
Купе со четири врати инспириран од спортските автомобил со ексклузивен дизајн и иновативен plug-in хибриден погон.
Volkswagen го претс