четврток, 12 ноември 2026
Најново

Вечер се дочекува Стара Нова Година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден. Некои семејства, слично како и за време на бадниковата вечера, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и дел од калуѓерите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и

Поврзани вести