Постојат сериозни сомнежи дека последните закани кон Србија за прекројување на границата и создавање на т.н. „Голема Албанија“, а кои синхронизирано пристигнаа од Тирана, Приштина и Прешево, се подготвени во Анкара и спроведени под „диригентска палка“ на турските разузнавачки служби, пишуваат „Вечерње новости“.Како што весникот наведува, до овие информации дошле српските безбедносни структури, а според нивни оперативни податоци, офанзивниот настап на турските разузнавачки структури доаѓа преку Приштина и тоа преку две клучни полуги.
Првиот канал на комуникација и влијание се остварува преку турската инвестициска Агенција за соработка и координација на програмите во Србија – ТИКА, која главно е насочена на делувањето во Рашката област, но е присутна и во општините од ресавската котлина.
Втората полуга на делување се интензивните состаноци на турските безбедносни претставници со албанските лидери во Прешево и Бујановац, но и на Косово, наведуваат „Вечерње новости“.
Како што весникот пишува, сите овие операции се одвиваат преку турскиот разузнавачки пункт во Приштина за нивната субверзивна работа да остане што подалеку од очите на српските безбедносни служби.
„Новости“ наведуваат дека овие информации укажуваат на скриените аспирации на Турција од дел на територијата на Балканот да создаде свое упориште.
Соговорници на „Српски телеграф“, исто така, сметаат дека „зад воено подбуцнувачките“ изјави на албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот претседател Хашим Тачи за создавање „Голема Албанија“ стојат странски служби, а вели дека на овие простори покрај турските работат и други тајни служби.
Поранешниот шеф на специјалното одделение на Државната безбедност на Србија, Божидар Спасиќ, вели дека во ова сигурно се „вплеткани“ и британската МИ6, германскиот БНД, која за Косово знае, како што вели, повеќе од српските служби, а дека посебен интерес има турската служба која веќе поседува разгранета мрежа од разузнавачи во регионот, посебно во БиХ и во Косово. Според него, тука се и службите на Иран и Саудиска Арабија, а додава дека не треба така лесно да се отпише ниту американската ЦИА.Како што весникот наведува, до овие информации дошле српските безбедносни структури, а според нивни оперативни податоци, офанзивниот настап на турс