Познати се 26 земји кандидатки за победник на Евровизија 2017, која се одржува во Киев, Украина, а чие финале е вечерва.На Македонија, за жал, и се остварија прогнозите на обложувалниците, кои имаа “црно сценарио” речиси за сите земји од поранешна Југославија, освен за Хрватот Жак Худек, кој си обезбеди место во понатамошното натпреварување.
По првото полуфинале во кое зелено светло добија Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија, кон списокот се приклучија и затсиноќешните претставници на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
Големото вечерашно финале ќе го отвори Израел, по што на сцената ќе следуваат Полска, Белорусија, Австрија, Ерменија, Холандија, Молдавија, Унгарија, Италија, Данска, Португалија, Азербејџан, Хрватска, Австралија, Грција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Кипар, Романија, Германија, Украина, Белгија, Шведска, Бугарија и Франција.
Најголем фаворит за победа е Италијанецот Франческо Габани. Италија досега учествувала на 42 натпревари, а само два пати круната ја донела дома. Добри шанси има Салвадор Собрал, претставникот на Португалија, кој ќе се обиде на својата земја да и ја донесе првата победа во историјата на Евровизија. Португалија е земја со најдолг стаж како натпреварувач, кој никогаш не го освоил ова музичко натпреварување. Во игра е и Робин Бендтсон, претставникот на Шведска – една од најуспешните земји која има победено дури 6 пати.На Македонија, за жал, и се остварија прогнозите на обложувалниците, кои имаа “црно сценарио” речиси за сите земји од поранешна Југосла