Во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија вечерва на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе се сретнат бранителот на трофејот Работнички и Шкендија.За Работнички ова ќе биде седмо финале и атак на петтата титула, трета во низа, додека Шкендија во своето трето финале го бара првиот трофеј.
Претседателот на Шкендија, Абдулменаф Беџети вели дека клубот од Тетово има големи очекувања и надеж дека за прв пат во 37-годишната историја на клубот ќе биде освоена престижната титула.
– Шкендија е среќна што постигна една од двете поставени цели, да игра во финалето на Купот на Македонија, со определба и надеж да се освои истото за прв пат во нејзината 37 годишна историја. Убедени сме дека финалето против Работнички ќе биде еден спектакл, играме со тим кој го почитуваме и кој е големо име во македонскиот фудбал. Се надеваме дека двата тима ќе покажат убава и допадлива игра на задоволство на публиката. Нашите навивачи се големи ентузијасти пред овој натпреар, живеат за клубот и за ова финале, а ние веруваме дека на крајот ќе им вратиме со победа и освојување на Куп трофејот, вели Беџети.
Од таборот на Работнички се надеваат дека ќе го повторат успехот од претходните години и ќе станат првиот клуб со три победи во низа во Купот на Македонија.
– Ова е трето финале во низа за ФК Работнички. Искрено се надевам дека ќе го повториме успехот од претходните две финалиња и ќе направиме еден несекојдневен спортски успех за нашиот клуб. Ова финале е доказ за квалитетот на Работнички и за континуитетот кој го бележи во претходните години во македонскиот фудбал и очекувам оваа година да го освоиме овој трофеј. Имајќи го во предвид противникот во ова финале, очекувам натпреварот од Купот на Македонија, да биде на едно високо ниво, пред се на спортски план, вели претседателот на клубот Драган Поповски.
Почетокот на натпреварот е во 20 часот.За Работнички ова ќе биде седмо финале и атак на петтата титула, трета во низа, додека Шкендија во своето трето финале го бара првиот трофеј.