Вечерва Македонија ја пречекува Шпанија во СРЦ „Кале“

Вечерва во 20:15 часот во РЦ „Кале“ во Скопје, Македонската женска ракометна репрезентација го игра првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Србија 2013 година. Противник ни е селекцијата на Шпанија, која пред две години во баражот ја елиминираше Македонија. Во Скопје, Македонија победи со 24:21, а во Аликанте беше 37:22.
Гино Стрезовски, селекторот на македонската репрезентација смета дека има добра стратегија за Шпанците:
„Ветувам голема борба и ако некои сметаат дека Шпанија лесно ќе стигне до победата ќе се излажат во тоа. Имаме неколку од последните натпревари на Шпанија и мислам дека ќе имаме противигра за нив“, истакна Стрезовски.Вечерва во 20:15 часот во РЦ „Кале“ во Скопје, Македонската женска ракометна репрезентација го игра првиот

Пронајдете не на следниве мрежи: