Вечерва по деветти пат блесна ѕвезденото небо за Тоше

На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржува деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше.Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.
На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.
На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.
 
ФОТО: МИА/Дарко ПоповМанифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттог

Пронајдете не на следниве мрежи: