Од ноќеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на серија од влажни бранови од запад, поради што ќе настапи значителна промена на времето.Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, по некаде со ретки грмежи, претежно во западните и северните делови.
Утре и во среда ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.
Поголеми количини воден талог ќе има во западните и јужните делови од земјава, каде се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен.
Повремено ќе дува умерен до засдилен ветер, претежно од северне правец. Температурата значително ќе опадне и во среда ќе биде најниска, во интервал од 16 до 22 степени, информираат синоптичарите.
Во случај на појава на електрични празнења, синоптичарите препорачуваат поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така препорачуваат и да се превземат соодветни активности за заштита од поплави.Во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, по некаде со ретки грмежи, претежно во западните и северните делови.
Утре и во среда ќе биде обл