Вечерва: „Види музика – Слушни книга – Добиј книга“

Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар, вечер /23.06.2014 година (понеделник)/, во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе го реализираат седмиот по ред мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА. На настанот, традиционално ќе присуствува и градоначалникот на Град скопје, Коце Трајановски.Како и секоја година, мултимедијалниот настан ќе содржи: концерт на оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантелеев од Република Бугарија, ќе бидат подарени 20.000 примероци од литературното дело Vita Brevis (писмо на Флорија Емилија до Аврелиј  Августин) од норвешкиот писател Јостен Гордер, којшто е автор на „Светот на Софија“, роман за историјата на филозофијата, печатен во 30 милиони примероци, но и на популарните дела од неговото перо како што се: „Божиќна мистерија“, „Ќерката на директорот на циркусот“, „Девојката со портокали“, „Замок во Пиринеите“ и многу други.
И годинава на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, ќе имаме можност да го проследиме ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Годинава, со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се најдат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.Како и секоја година, мултимедијалниот настан ќе содржи: концерт на оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантеле

Пронајдете не на следниве мрежи: