Измамата на вечната невеста ја откриле вработените во техеранската општина на кои им било сомнително нејзиното постојано менување на личната карта.Млада Иранка се омажила и развела 10 пати за помалку од две години за да заработи пари. Таа е обвинета за измама, пренесуваат тамошните медиуми.
Нејзината измама ја овозможил исламскиот закон кој на жената и гарантира финансиска сума, мираз договорен пред бракот и кој на барање на невестата може да и биде врачен по завршетокот на свадбата.
Во Иран каде шеријатскиот закон се спроведува од 1979 година, невестата договара со младоженецот мираз, кој традиционално е изразен во златници. Во случајот на 20- годишната обвинета, која ги отфрла сите обвиненија, таа се маѓела и веднаш барала исплата, не конзумирајќи го бракот.
Младоженците морале да платат половина од миразот за да не го прекршат законот но медиумите пренесуваат дека жената всушност се согласила на исплата od 100 до 110 златници што технички е помалку од она што ја следувало.
Во секој случај таа барала од младоженците да поднесат барање за развод. Разведена жена во Иран, може да го избрише презимето на мажот од лична карта ако може да докаже со помош на лекар дека се уште е девица. Обвинетата тоа го правела повеќе пати досега.
– Не разбирам зошто морам да одговарам на овие прашања – му рекла таа на обвинителот кој во суд ги донел сите нејзини 10 младоженци.
– Невина сум. Сите мои бракови беа легални и сопрузите своеволно се оженија за мене, а се разидовме поради нашите разлики – објаснила Иранката.
– По закон, со оглед на тоа што се уште сум девица, тие мораа да ми платат половина мираз а јас се согласив на 100 до 110 златници и потоа побарав нивните презимиња да ми се избришат од лична карта.
Судот ја обвинил за измама и обид за илегална заработка. Млада Иранка се омажила и развела 10 пати за помалку од две години за да заработи пари. Таа е обвинета за измама, пренесуваат тамошните медиуми.



