ВЕДНАШ ИЗБРИШЕТЕ ЈА ОВАА ПОРАКА АКО ВИ ПРИСТИГНЕ: Или поздравете се со мобилниот!

Внимавајте на идните СМС пораки, бидејќи во нив можеби се крие malware кој би можел да ви го „спржи“ телефонот. Компанијата за безбедност „Heimdal Security“, откри дека хакерите им праќаат СМС пораки на сопствениците на Андроид телефони во кои ги известуваат дека добиле ММС порака. Ако сакаат да ја видат, мораат да кликнат на линкот во пораката. Тогаш е предоцна…Линкот води на страница која автоматски ќе инсталира Тор апликација со која на хакерите им се дава пристап до вашиот телефон. По инсталацијата на штетната апликација наречена Mazar BOT, телефонот автоматски ќе прати порака на ирански телефонски број во која стои само „благодарам“.
Од овој момент, хакерите ќе можат да прават што сакаат со вашиот телефон. Освен што можат да праќаат СМС пораки и да остваруваат телефонски повици, можат едноставно и да ги избришат сите податоци од телефонот. Ако сакаат, можат да го шпионираат сопственикот на телефонот, да ја пробијат двојната автентификација потребна за логирање на Facebook, Gmail и други социјални мрежи…
Овој malware им дава пристап на хакерите и до банковните сметки под услов да имате инсталирано некоја банковна апликација, но и до останатите информации кои сопственикот на телефонот ги користи за пристап кон други страници.
Она што е интересно е дека штетната програма нема да се инсталира на Андроид телефоните на кои се користи руски јазик. Секако, ова упатува на фактот дека хакерите можеби се Руси.
За среќа, заштитата е едноставна – немојте да кликнете на линкот во пораката. И тоа е сѐ. Доколку мислите дека веќе имате кликнато на некој ваков сличен линк, сменете ги лозинките за вашиот мејл, социјалните мрежи и останатите сервиси кои ги употребувате.Линкот води на страница која автоматски ќе инсталира Тор апликација со која на хакерите им се дава пристап до вашиот телефон. По инсталацијата на ш

Пронајдете не на следниве мрежи: