„Веибо груп“: Македонија ќе стане балкански текстилен центар

Турската компанија „Веибо груп“, која е најголемиот инвеститор од Турција во Азија, почна да го реализира својот нов проект во Македонија.Kомпанијата веќе гради интегрирана текстилна индустриска зона кај Kрива Паланка, во која за три години ќе функционираат над 10 фабрики, со најмалку 6.000 вработени. Според плановите, активното целосно производство во зоната ќе почне кон крајот на 2015 година, а во следните пет години вкупната инвестиција ќе достигне околу 400 милиони долари. Само од оваа зона се очекува извоз вреден од 600 до 800 милиони долари, производи што ќе завршат на пазарите во САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Русија, Kина, Јужна Kореја и во Јапонија. Kако што објаснуваат од компанијата, текстилните фабрики ќе бидат посебно за производство на костуми, пантолони, кошули, палта, текстилни материјали, но ќе има и фабрика за картонски кутии, во кои ќе се пакуваат готовите производи, како и за соларни панели.
За плановите на „Веибо груп“ во Македонија, Дневник разговараше со основачот и генерален директор на компанијата, Селџук Алперен.
ДНЕВНИК: Дали Македонија беше вашиот прв избор имајќи предвид дека и околните земји како Србија, Босна и Херцеговина се обидуваат да привлечат странски инвеститори?
– Од пред две години ја скенираме ситуацијата во сите земји во регионот, ги проверивме условите во Македонија, Србија, Бугарија, Романија, Kосово. Се решивме за Македонија и сосема сме сигурни во изборот. По целата потрага, сметаме дека Македонија е политички најстабилна од сите земји во регионот, што за нас е многу значајно, бидејќи значи дека не треба да се грижиме за ништо друго освен за бизнисот.
ДНЕВНИК: Најавено е дека индустриската зона ќе биде на голема површина и во неа ќе има многу нови вработувања. Kога целата замисла ќе почне да се реализира?
– Веќе почнавме. Kупивме фабрика во Kрива Паланка, што е наш прв чекор. Планираме оваа фабрика да ја користиме како тренинг-центар за обука на нашите вработени. Ние сметаме дека инвестицијата веќе е почната. Веднаш штом ќе ги добиеме потребните дозволи, ќе почнеме со процесот на производство. Техничките цртежи, односно плановите за зоната веќе се готови, исто и за самата фабрика. Веќе е завршен планот за фабриката, односно како ќе се поставуваат машините и сл. Во првата недела од декември планираме физички да ја почнеме изградбата, а во втората половина на 2015 планираме да почнеме со производство во првата фабрика. Фабриката ќе биде на површина од 28.000 квадратни метри и во неа најверојатно ќе бидат вработени околу 2.500 лица. Тоа е причината зошто обучуваме работници во фабриката во Kрива Паланка. За 3 години бројот на вработените ќе достигне 6.500 лица. Плановите ни се во Македонија вкупната инвестиција да изнесува 600 милиони евра во период од три години. Веќе имаме договори со едни од најпознатите текстилни брендови во Европа, работиме за „Хуго Бос“, за кого произведуваме околу 50 отсто од вкупниот капацитет. Но, во фабриката ќе се произведуваат и наши брендови популарни во Европа и во светот како, на пример, „Шамбијани“, но и други познати европски имиња. Целото производство ќе биде вертикално поврзано од почеток до крај и комплетно ќе се одвива во Македонија. Од одгледувањето памук, производство на ткаенини, до готовите конфекциски производи. Тоа ќе биде најголема текстилна индустриска зона во целиот регион, а може и пошироко.
ДНЕВНИК: Размислувате ли да купите во Македонија некои од постојните фабрики?
– Веќе купивме една текстилна фабрика во Kрива Паланка, но во зависност од развојот не е исклучена можноста да купиме уште неколку. Во план ни е да го прошириме производството во Македонија и со чевли и модни додатоци, како што се чанти, марами, така што сакаме да купиме фабрика за чевли и додатоци. Веќе разгледуваме неколку во Штип, Kуманово, каде што има развиено вакво производство. Во светот годишно продаваме околу 2,5 милиона чифта чевли, така што и тој бизнис ни е веќе развиен.
ДНЕВНИК: Kаков кадар ќе ви биде потребен во фабриките и дали Македонија има доволно за да ги задоволи вашите потреби?
– Главно ќе вработуваме жени, бидејќи тие се искусни текстилни работнички, но дефинитивно ќе се вработуваат и мажи за другите работи што не се поврзани со директното текстилно производство. Со комплетирањето на целата инвестиција сметаме дека ќе имаме најмалку 8.000 вработени. Со доставувачите и придружните активности, во целиот процес на работа ќе бидат индиректно ангажирани околу 40.000 луѓе. Вработените ќе доаѓаат на работа со автобуси, некој ќе треба да ги вози, одржува и поправа. За сите луѓе ќе треба секој ден да се обезбедат храна, овошје, зеленчук. Сето тоа ќе се набавува од земјава.Kомпанијата веќе гради интегрирана текстилна индустриска зона кај Kрива Паланка, во која за три години ќе функционираат над 10 фабрики, со најмалку

Пронајдете не на следниве мрежи: