Веќе 20 години на исто место ја чека девојката која не му дошла на закажаниот состанок

Неспремен да го прифати фактот дека девојката со која закажал состанок не се појавила, човек од Тајван веќе 20 години одбива да си замине од местото на кое го закажале состанокот, бидејки смета дека таа била љубовта на неговиот живот.Ah Ji има 47 години, а веќе две децении живее на железничката станица во Тајван, каде сеуште ја чека девојката со која пред 20-тина години закажал состанок. Иако не е познато дали воопшто ја познавал девојката, или тоа било закажан состанок од други лица, тој одбива да си замине од железничката станица, каде веќе станал и еден вид маскота на тој дел од градот. Првите неколку години можеле да го забележат на врвот на скалите како со нетрпение ја исчекува. Меѓутоа по неколку години чекање, тој се “преселил” на излезот од станицата, каде секојдневно ги гледа патниците кои поминуват покрај него. Тој е очаен, па самиот се одлучил да стане бездомник и да гладува, а сето тоа поради “скршено срце”. Преживува само од социјалните слижби, и од патниците кои му даваат нешто за јадење, од кога станал маскота на градот така и уличните продавачи му приоѓаат да му донесат нешто што му е неопходно. Неговото семејство на почетокот го посетувало, но сега доаѓаат само да му донесат чиста облека. Иако во повеќе наврати го убедувале да се врати дома, тој одбивал.

 

Пред неколку години социјалните работници му нашле стан во близина на железничката, но тој и таа помош ја одбил, со изговор дека чекањето веќе му станало навика. Дури и го сместиле во локалната болница, но тој пак се вратил на старото место. Неодамна се вклучиле и властите, му организирале вечера за Ah Ji и неговото семејство како и за пријателите кој ги стекнал на самата железничка станица, го однеле да си купи нова облека како и му направиле нова фризура, сето ова само успеало да го развесели, но не и да го наговори да се врати дома. Инаку, низ цела Азија, Ah Ji е познат како “човечкиот Haciko”, алудирајќи на легендарниот Akita Inu, кучето кое секојдневно стоело на станицата, чекајќи го својот човек, а во меѓувреме и умрело чекајки.   Ah Ji има 47 години, а веќе две децении живее на железничката станица во Тајван, каде сеуште ја чека девојката со која пред 20-тина години закажал

Пронајдете не на следниве мрежи: