Играчот на Арсенал, Дени Велбек поради операција на коленото ќе биде девет месеци надвор од терените, објави клубот од Лондон.Велбек се повреди на неделниот натпревар од Премиер лигата со Манчестер Сити (2:2), а по деталните прегледи утврдено е дека е повредена рскавицата на десното колено.
Ова значи дека напаѓачот нема да биде на списокот на играчи на Англија за претстојното Европско првенство кое ќе се одржи во Франција.
Велбек и лани во мај се повреди и на располаѓање на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер му беше од февруари годинава. Тогаш имаше повреда на левото колено. По враќањето на теренот тој постигна пет голови, но новата повреда е нов голем проблем за нападот на популарните „топџии“ за претстојната сезона.aВелбек се повреди на неделниот натпревар од Премиер лигата со Манчестер Сити (2:2), а по деталните прегледи утврдено е дека е повредена рскавицата