Професорката од институтот за македонски јазик д-р Елка Јачева- Улчар, која што преку социјалните мрежи ја пренесе сторијата за херојот кој што вчера за време на невремето спасил неброени животи, го пронајде човекот и најави дека ќе го објави неговото име. Пред малку таа преку својот ФБ-профил објави дека се работи за Веле Богатиновски, тетовец кој сега живее во Швајцарија.
„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години живеел во Tетовско, а последниве две години во Швајцарија. Му се јавив на телефон. Ми ја раскажа својата животна приказна која ќе ја задржам за себе. Единствено нешто што можам да кажам за него (а што го дознав од телефонскиот разговор) е дека се работи за благороден човек, кој своето постоење го сфаќа како мисија за помош и за доброто на секој човек, независно од вера, пол и политичко убедување. Не сака никаков публицитет што е уште една потврда за НЕГОВАТА ГОЛЕМИНА! Нека го следат само добрини во неговата мисија! На сите вас, уште еднаш многу ви благодарам!“- напиша д-р Елка Јачева- Улчар на Фејсбук.
„Почитувани ФБ-пријатели, благодарение на вашите споделувања дојдов до нашиот херој од вчера. Се вика Веле Богатиновски. До пред две години ж