Незаконски снимените разговори кои Зоран Заев ги објавуваше во јавноста се пронајдени во еден од надворешните хард дискови во фолдер именуван како „СДСМ-Заев“, одземен при претресот за случајот „Фабрика на афери“.Фолдерот од овој мега скандал бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската преземена од Заев за преземање на незаконски стекнатите материјали.
-Сите разговори се незаконски снимени од македонски политичари, а од комуникациите кои досега се проверени постојат индиции дека имало и намера истите да бидат продавани во други држави. Како што и самиот се пофали Зоран Божиновски кој се крие во Србија, а во моментов е баран со потерница за случајот „Шпион“, веќе му биле доставени дел од незаконски снимените разговори.
Медиумите неколку пати досега пишуваа за велепредавството на лидерот на СДСМ и гледањето само на личниот интерес, во обид да се спаси себе си и својата политичка кариера. Неговите постапки за ситни политички поени наидоа на остра осуда кај граѓани, што потврдуваат и резултатите од низата спроведени анкети каде јасно се гледа дека народот нема доверба во Заев.
Од најновиот скандал во кој е се заплетка Заев се гледа дека тој остварувал средби со првоосомничениот за случајот „Фабрика на афери“, од почетокот на годинава. Според сознанија од истрагата, Бекири и Заев остварувале средби и во седиштето на СДСМ. Но, не само лидерот на СДСМ е вмешан.
Пред неколку дена во медиумите се појавија информации дека генералниот секретар на опозициската партија и технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така имал контакти со првоосомничениот Захир Бекири. Дополнително првоосомничениот на својот Фејсбук профил објави фотографии каде неговиот син е сликан со Спасовски.
Покрај дружбата со Бекири, и третоосомничениот Аднан Сума, има неколку фотографии во прегратки со технички назначениот министер Спасовски, кој во скопското подземје важи како прв и најдобар фалсификатор во државата. Против него во 19 наврати се поднесувани кривични пријави за најтешки дела.
Меѓу делата што му се ставале на товар во минатото се пријава за убиство уште во 80-тите години, разбојништво, тешки кражби, кражби на возила, насилничко однесување, загрозување во тепачка со опасно орудие, обљуба или противправен блуд и други тешки кривични дела.
Братот на Бекири, Имер кој е второосомничен за фалсификувањето лични карти, на полицијата оперативно ѝ бил познат за дела поврзани со нелегалната трговија со наркотици. Нему од страна на надлежниот судија на претходна постапка, како мерка за обезбедување, му е одземена патната исправа за да не може да ја напушти територијата на Република Македонија.
Заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска од Охрид изјави дека МВР постапува согласно насоките на Јавното обвинителство.
-Имав дадено претходно изјава кога беше актуализирано прашањето за оние 103 лични карти и тогаш мојата изјава беше во однос на потребата и неопходноста од ефективна и брза истрага за да се расчисти едно прашање коешто се прејудицираше според мое длабоко убедување, а тоа е прашањето дека овие 103 лични карти се искористени за изборен процес. Меѓутоа еве истрагата дојде до одговор на ова прашање коешто беше едно од клучните – дали се искористени овие лични карти во изборен процес. Се утврди дека не се искористени овие лични карти во изборен процес и се разбира, сега останува прашањето кој и зошто го има направено тоа. На ова прашање кој го има направено тоа, оваа истрага, односно продолжувањето на истрагата од страната на Јавното обвинителство еве веќе сведоци сте на тоа што се случува и имавте можност да чуете дека има осомничени лица, рече Чавков.
Тој нагласи дека сега се наметнува уште едно друго прашање, овие лица кои стојат зад овие фалсификати зошто ги имаат направено тие лични карти и по чиј налог ги имаат направено тие лични карти.
-Тоа е изолирано прашање кое сигурно ќе добие одговор, меѓутоа сега морам да подвлечам дека согласно насоките од Јавното обвинителство и мерките и насоките кои беа преземени од колегите во Одделот за борба против организиран криминал беа осомничени лица, тие осомничени лица се приведени и при претреси е утврдено дека тие лица се познати криминалци кои се занимаваат со фалсификувани лични документи и друга документација. Нивните криминални активности според досегашните информации имаат прекуграничен карактер и се разбира, надвор од овие 103 лични карти, да не се прави забуна, Министерството за внатрешни работи односно колегите од Одделот за организиран криминал по насока од Јавното обвинителство ќе продолжат систематска и темелна истрага за да расчистиме многу други дилеми. Со кој биле поврзани, колку време биле вклучени во тие криминални активности, опсегот на нивните криминални активности, како се употребени, каде се употребени и во кој обем се употребени овие фалсификувани документи кои се најдени при претресот во нивните компјутери и системи за изработка, рече Чавков.
Од друга страна, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не демантираше дека контактирал со фалсификаторите, туку дрско одговори дека не било важно со кого контактирал.
– Не е важно дали сум имал контакти со осомничените. Јас имам контакти со многу лица во Македонија, рече Спасовски.
Во компјутерите на фалсификаторите најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки, а во нив требало да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Тие фалсификувани урнеци секако би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.Фолдерот од овој мега скандал бил креиран во септември 2015 година, односно после потпишувањето на договорот од Пржино и обврската презем