Велес го доби својот 12ти Жито Маркет

„Велес е градот каде ја започнавме нашата успешна приказна и каде граѓаните веќе не познаваат и ни укажуваат голема доверба и внимание. Радосни сме што нашата професионална услуга и популарната ценовна политика што ја нудиме ќе биде позастапена и пораспространета во Велес“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.Жито Маркети го отвори својот 12ти маркет во Велес, а 52ри во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улица Даме Андреев (Ронката) бр. 8, распространет на површина од 200 метри квадратни со тим од 8 вработени на две наплатни каси.
„Велес е градот каде ја започнавме нашата успешна приказна и каде граѓаните веќе не познаваат и ни укажуваат голема доверба и внимание. Радосни сме што нашата професионална услуга и популарната ценовна политика што ја нудиме ќе биде позастапена и пораспространета во Велес. Задоволувањето на потребите и барањата на сите купувачи се наш приоритет, а тоа ќе им го овозможиме преку професионална услуга, квалитетни производи и достапни цени“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.
Отворањето на маркетот беше одбележано и со голем број промоции и попусти, дегустација на многу нови и популарни производи, како и продажни акции и пријатни изненадувања. Дополнителни бенефити имаше и за сите оние што ја имаат и што аплицираа за лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“.
Новиот маркет ќе биде отворен седум дена во неделата, со работно време од 07,00 часот до 21,00 часот од понеделник до сабота, додека во недела, ќе биде отворен од 08,00 часот до 14,00 часот.Жито Маркети го отвори својот 12ти маркет во Велес, а 52ри во Македонија. Новиот маркет се наоѓа на улица Даме Андреев (Ронката) бр. 8, распростран

Пронајдете не на следниве мрежи: