Велешани незадоволни од машкоста-со парафин ги зголемуваат пенисите

Loading...

Урологот д-р Јовиќ за две години извршил шест продолжувања на пенис и 15 оперативни зафати на спасување од зголемување со парафин. Незадоволни од големината на машкоста 15 велешани со пaрафин си го зголемувалe половиот орган, а шестмина пациенти од Македонија изминативе две години се подложиле на оперативен зафат во велешката болница за зголемување на пенисот. Тие не биле задоволни од големината на нивните полови органи, иако биле во рамките на европскиот просек од 9 до 14 цм, објаснува урологот д-р Горан Јовиќ. Тој досега има повеќе од дваесетина оперативни зафати во кој или продолжувал или спасувал самоиницијативно зголемени пениси.
Овие пациенти искрено патеа, тоа го чувствував, поради комплекс на мал полов орган. Шестмина пациенти од цела Македонија за овие две години дојдоа во велешката болница да се оперираат. Тие имаа голем проблем за нив, кој успешно го решивме, на нивно задоволство. Во секој случај најглавна е психичката компонента. Кога ќе видат дека имаат поголем пенис, добиваат доверба, тие се други луѓе, млади на кои им се менува светот на подобро – вели урологот д-р Горан Јовиќ.
Тој додава дека незадоволните мажи не можат да очекуваат чуда, бидејќи максимално половиот орган оперативно може да се продолжи за 3-4 цм, исто толку и по обем, ништо повеќе. Петнаесет други пациенти пак морале да бидат оперирани за да се спасува нивниот полов орган оти самоиницијативно го полнеле со течен парафин, за да имаат поголем и пообемен пенис. Во главно лицата кои го сториле ова биле млади на возраст од 20 до 30 години а некои имале и до 40 години возраст.
Сите тие на своја рака, од слушнато пробале да го зголемат обемот на половиот орган. Тие сами си впикувале течен парафин, под кожата. Во почеток во прво време, тоа функционира добро. Но по некое време се јавуваат првите реакции. Парафинот се втврднува, се јавува воспалителна реакција, ткивото се здебелува, се јавува сврзано ткиво. Се јавуваат проблеми. И мораше да се интервенира оперативно, да се спасува половиот орган. Доаѓа до распукување на кожата, отежнато мокрење, запушување на каналот. Моравме да пресадуваме кожа од други делови на телото – вели д-р Јовиќ.
Мотивите на овие лице биле различни. Првите случаи биле момчиња, студенти кои решиле да бидат жиголо, заради што сами си ги зголемиле пенисите, заради професионалните обврски. Понатаму имало случаи на заробеници, на лица од улица кои слушнале дека на овој начин лесно може да добие на маса. Сите имале иста мака, имале мали пениси, така тие сметале.
За жал ова е народски кажано од играчка плачка. Од неинформираност се јавуваат страшни проблеми. За жал се молчи за нив. Затоа сакам вака јавно да споделам, како и за останати здравствени проблеми што ги има. Мажите мора да знаат дека без оглед на големината на пенисот, не смеат ништо да прават на своја рака. Тоа може да биде фатално за нив – вели д-р Горан Јовиќ.
Извор- tirekovmireceНезадоволни од големината на машкоста 15 велешани со пaрафин си го зголемувалe половиот орган, а шестмина пациенти од Македонија изминативе две год

loading...
Loading...