Во Ликовниот салон во Велес денеска се одржа Велигденска креативна работилница која имаше и хуманитарен карактер.Жените учеснички на манифестацијата на штандови им понудија на посетителите велигденски јајца, рачно изработени кошнички и други велигденски украси, како и домашно подготвени велигденски погачи и колачи.
Работилницата ја организираше Унијата на жени на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателката Каролина Попова рече дека целта е да се одбележи претстојниот голем христијански празник Велигден и традицијата на вапсување велигденски јајца.
– Целта ни е преку оваа Велигденска креативна работилница, жените учеснички да ја искажат својата креативност и умешност на интересно вапсани и рачно украсени велигденски јајца, пред се црвени јајца кои се доминантни за Велигден, како симбол на победата на животот над смртта, изјави Попова.
Работилницата имаше хуманитарен карактер затоа што производите беа на продажба, а собраните парични средства ќе бидат наменети за лекување на тешко болниот Милорад Атанасовски од Велес.
Учесничките на Велигденската креативна работилница во Велес добија благодарници од организаторот.Жените учеснички на манифестацијата на штандови им понудија на посетителите велигденски јајца, рачно изработени кошнички и други велигденски украси