Велигден не може да се замисли без шарени јајца, а колку се тие пошарени и поубави, толку е и поголема радоста. Доколку сакате да ја унапредите својата техника на фаробање јајца, послушете се со овој трик.Имено, доколку сакате на било кој начин да офарбате јајца, тие полесно ќе ја примат бојата доколку имаат посветла лушпа.
Но, не можете да ги бирате само светлите јајца, но можете да ги избелите доколку сакате сите да бидат совршено украсени и офарбани.
Овој трик навистина е едноставен и не бара ни многу време ниту многу материјал.
Потребни состојки:
-вода
-алкохолен оцет
-јајца (секако)
Процес на белење на јајцата
Варете ги јајцата во вода помешана со алкохолен оцет- во размер 1:1, односно една чаша вода: една чаша оцет. Во садот сипете доволно мешавина за јајцата во потполност да бидат прекриени со течност.
Кога водата ќе зоврие, јајцата ставете ги под ладна вода, а кога малку ќе се оладат, држете ги под млаз вода и бришете ги со мек сунѓер или крпа.
Бидете внимателни додека ги бришете бидејќи лушпата од готвењето во оцет може да биде малку помека, па може да се случи јајцето да пукне од притисокот.Имено, доколку сакате на било кој начин да офарбате јајца, тие полесно ќе ја примат бојата доколку имаат посветла лушпа.
Но, не может



