Според старите обичаи за Велики Петок, денеска се станува од кревет пред изгревањето на сонцето.Луѓето на денешен ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото.
Исто така, на овој најтежок празник кога Исус бил распнат, не се работи физичка работа. Она на кое треба да се посветат семејствата е припремање за славење на Велигден.
На малите девојчиња им се врзува косата под врба, за побрзо да им расте.
Денеска не се јаде ништо тешко и пржено на масло. Се јадат овошје и зеленчук.Луѓето на денешен ден носеле вода од езерата и со неа се замивале наутро. Се верувало дека со таа вода ќе се истераат сите болести од телото.



