Ѓорге Иванов е умен човек и уставните можности што му стојат на располагање. Една е оваа, во која партиите земаат малку време за да почнат да функционираат мозочно, а втората му е да го свика Советот за безбедност и бидејќи Уставот само тука му дава ингеренции да донесе заклулоци, самостојно. Но, сите сфаќаат, поготово потписнициве на Пржинскиот договор дека кризава нема да се разреши со оваа влада што произлезе од некакви изнасилени и фалсификувани избори, изјави новинарката Мирка Велиновска во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“.-Трула е основата на која што стојат резултатите. Тие ја срушија онаа зад која што стоеше реален народ со безмалку беспрекорни избори, претходните, не ги признаваа резултатите. Во нелегитимен процес, каде што одеднаш се тргнува легитимен премиер и станува трговски патник се прогласува техничка влада, се “убацуваат“ чудесни, страшни решенија, паралелни министри, обвинителства, вели Велиновска.
За да се врати првобитната ссотојба, додава таа, треба да се оди на избори кои ќе ги организира македонската држава.
-Не ме интересираат импланти странски, ни посматрачи или незнам што. Ќе си ги изведе изборите, Македонците ако ништо друго не знаат, знаат да гласаат совршено честито и ќе си изберат влада и таа влада мора да подготви две работи, едната е попис на државјани. Второ, нема преговори за името. Може секој поединечно што сака да си смени, и име, и пол… нема право тоа што го направил за себе да го бара од своето семејство, од тие што пред тоа живееле, од тие што утре ќе живеат. Тоа не е игра, рече Велиновска.-Трула е основата на која што стојат резултатите. Тие ја срушија онаа зад која што стоеше реален народ со безмалку беспрекорни избори, претходните,