Велиновска: Заев и Фатиме сакаат да предизвикаат инциденти за да се прекине изборниот процес

Не стивнуваат реакциите по изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој  најави двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Заев практично потврди дека со воведување двојазичност, СДСМ ќе лови албански гласови.Граѓаните и експертите шокирани од ваквата изјава, а неговата матична партија се обиде да ја излаже јавноста дека Заев „не мислел така“.
Во вестите на ТВ Нова вечерва гостуваше новинарката Мирка Велиновска која говори за сериозноста на оваа изјава на Заев.
-Ако се уште говориме на ист јазик, македонски, нема потреба да ни толкуваат што сакал да каже писателот, го слушнавме сите. Ако сакаат функционална двојазичност. Објасни како го замислува и дека не е болна операција, кажа дека сака преку овој проект да ја табуизира Македонија и дека не гледа ништо лошо во тоа. Мое мислење за ваква тромболнска палба на некои 100 дена пред избори се работи за тактика смислено провоцирање и подгревање на предизборната атмосфера со крајна намера до денот и на самиот ден на изборите да ескалира во пресметки насилства кои лесно може да се испровоцираат. Две изјави се во пакет во оваа тактика во период од 1 ден. Давањето на изјавата на Заев и пресот на СЈО со обвинителката Фатиме за објаснување дека ќе го тужи населението кое протестираше за изградба на црква говори дека целта на овие бомби е да се предизвика атмосфера со која многу полесно на ден на избори доколку се случат инциденти да се прекине изборниот процес, рече новинарката.
Според Велиновска, овде не е таргет да се наелектрезира македонското гласачко тело, овде е таргет и Албанците кои гласаат за етнички албански партии во Македонија на кои цели како гласачко тело и СДСМ, значи да се судрат на терен кај гласачките кутии.
-Ексклузивно ќе кажам дека на оваа тактика која ја прави амбасадата кај Кале е пресметано Зоран Заев да може да земе од 38 до 50.000 гласачи Албанци. Тоа е сериозно гласачко тело на политичките партии. ДПА смета на толкав број, рече таа.Граѓаните и експертите шокирани од ваквата изјава, а неговата матична партија се обиде да ја излаже јавноста дека Заев „не мислел така“

Пронајдете не на следниве мрежи: