Со Шарената револуција, два пати беше оштетен овој законодавен дом. Првиот пат се плати штета од 600.000 денари, вториот пат од 1 милион 200 денари кои ги платија граѓаните на Република Македонија, беше одговорот на Трајко Вељаноски до пратеникот од СДСМ Павле Богоевски, инаку претходно дел од таканаречената Шарена револуција, на денешното 12 продолжение на конститутивната седница на Собранието.-Шарената револуција ги обои и гледајте напред на надворешната фасада уште не може оштетата да се поправи што вие ја шаравте за да можете да влезете во овој дом, тука, да си седите на столчето и да си земете плата од тој дом што вие го шаравте, му одговори Вељаноски на Богоевски.
На собраниската говорница потоа застана пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија кој исто така му одговори на Богоевски дека синоним за сквернавење е тој, како претставник од Шарената револуција во законодавно-правниот дом.
-Добро платените платеници од Сорос, денес се платени од граѓаните на Република Македонија. Колега Павле, за мене партиотизам е да стојам мирно пред македонската химна, да ги почитувам македонските спортски херои. Не е патриотизам да го уништувам споменикот на АСНОМ, да го уништувам споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, не е патриотизам да го сквернавам киното Манаки во Битола. За мене патриотизам е да се чувствувам Македонец, а да не бидам во коалиција со тој кој вели дека немам идентитет, истакна Стевананџија.-Шарената револуција ги обои и гледајте напред на надворешната фасада уште не може оштетата да се поправи што вие ја шаравте за да можете да влезет