Катица Јанева донесе уште една срамна и безобразна одлука за да го спаси нејзиниот штитеник, Зоран Заев, истакна Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Вељаноски.
Вообичаено, Катица Јанева срамните одлуки ги носи пред празник, надевајќи се дека празниците ќе го покријат нејзиното партиско и политичко постапување.
Истото го направи во декември 2014-та година, кога го ослободи од притвор Зоран Верушевски. Истото го направи и денеска, ден пред православниот празник Водици.
Специјалното јавно обвинителство е партиски огранок на СДСМ/Сорос.
Катица Јанева не е обвинител кој работи независно и согласно закон, туку по наредбите на Зоран Заев и нарачателите од странство.
Ова се факти кои досега им беа познати на сите.
Од денеска Катица Јанева влегува во нова улога. Таа и СЈО почнуваат да го бранат и прикриваат криминалот.
Со денешната одлука да го повлече обвинението за предметот „Пуч“ Катица Јанева застана зад обвинетите Заев и Верушевски кои се обидоа да ја заобиколат волјата на народот и без избори, со уцени со незаконски стекнати и монтирани материјали, да се дограбат до власт. Катица Јанева го игнорираше и признанието на еден од обвинетите кој го опиша злосторничкото здружение на Верушевски и Заев и веќе ја издржува затворската казна. Катица Јанева ја игнорираше и скајп комуникацијата меѓу обвинетите во која што најавуваа крв по улиците и украинско сценарио.
Катица Јанева со денешната одлука потврди дека основната задача на СЈО не е расчистување на скандалот со незаконското прислушување туку вклучување во политичката битка. Основната задача на СЈО беше да ги расчисти кривичните дела кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Со денешната одлука СЈО целосно се делегитимираше и самото се откажа од основната функција за која што е формирано.
Веќе немаме никакви дилеми дека СЈО е партиски огранок на СДСМ и дека не постои никаква натамошна причина за негово постоење во правниот систем.
Од денеска Зоран Заев е криминалец кој е аболициран по втор пат.
Народот на 11-ти декември одлучи дека е време да се стави крај на кризата и ја порази деструктивната политика на Зоран Заев. На 11-ти декември народот одлучи дека не сака да биде воден од аболицирани криминалци и дека Зоран Заев, како и сите граѓани мора да одговараат пред надлежните органи.
Катица Јанева го заштити Зоран Заев од криминална одговорност за случајот „Пуч“, но доаѓа денот кога тој ќе мора да се соочи со правдата.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Вељаноски.
Вообичаено, Катица Јанева срамните о