Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска гласаше на избирачкото место 2571 во ОУ „Мирче Ацев“, општина Ѓорче Петров.– Македонија денеска гласа на 9. парламентарни избори. Секогаш кажувам дека граѓаните на Република Македонија знаат да изберат и да ја донесат својата одлука. Така и на овие парламентарни избори, рече Вељаноски.
Тој додаде дека е задоволен од текот на изборната кампања и од денешниот ден на изборите и изрази надеж дека дека така ќе биде и до крајот на денот.
– Посакувам, најискрено посакувам, и тоа е добро за Република Македонија, по завршувањето на изборите, по пребројувањето на гласовите, поразениот да излезе и да му честита на победникот. А победникот да работи понатаму за доброто на Република Македонија, да престане вештачко наметната политичка криза и да продолжиме ние да работиме за доброто и за економски просперитет и на граѓаните и на Република Македонија. Тоа е наша должност како политичари да го направиме, истакна Вељаноски.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од изборите и дали тие биле потребни, Вељаноски рече дека тоа е прашање на минатото.
– Денешниот ден е изборен ден. Денеска граѓаните одлучуваат и тие најдобро ќе ја дадат одлуката дали биле нужни, неопходни. Сите ние треба да ја почитуваме таа одлука. Како што кажав, тоа е одлука која ќе биде за добробит на сите граѓани на Република Македонија. И ние како политичари треба да го почитуваме тоа и да работиме и за граѓаните и за Република Македонија, рече Вељаноски.
Додаде дека очекува и посакува по овие избори да заврши политичката криза.
– Да ја почитуваме волјата на граѓаните на Република Македонија. Таа одлука што ќе ја донесат граѓаните, да биде поука за сите политичари кои учествуваат во изборите, и за поразените и за победниците, рече Вељаноски.– Македонија денеска гласа на 9. парламентарни избори. Секогаш кажувам дека граѓаните на Република Македонија знаат да изберат и да ја донеса