Собранието се самораспушти. Беше едногласно прифатено дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори, да го вратиме мандатот на народот и народот да одлучи. Јас како претседател на Собранието, согласно Уставот, ги распишав изборите за 11 декември, датум кој беше утврден од четворицата лидери на политичките партии и мислам дека сите рокови кои се согласно изборниот законик зададени ќе бидат исполнети и ќе се запази процедурата за да можат политичките партии да ја претстават својата програма и да го побараат гласот од македонските граѓани.Ова го истакна спикерот Трајко Вељаноски во интервју за битолската телевизија МЕГА и додаде дека за него како претседател на Собранието, пред истото да се самораспушти, му било најважно да се донесе Буџетот за 2017 година.
-Јас тоа усепав да го изменаџирам иако имаше некои подметнувања од одредени политички партии да се распушти Собранието, а основната должност на пратениците да донесат буџет да не е исполнета. Од тој буџет зависи целото стопанство, зависат пензионерите, образованието, здравството… Јас не можам да ја сватам уште таа нивна политика што сакаат да се распуштат, а да не се донесе буџетот за 2017 година. Бидејќи токму тогаш би влегле во една не само политичка туку и економска криза, затоа што по завршување на изборите треба да се формира Собрание и Влада, па ќе дојде период на нови локални избори и немаше да има време да се направи нов буџет, а знаеме дека за комплетно да функционира една држава е потребно буџетот да биде усвоен. Но, најважно е дека се донесе буџетотот, дека се самораспушти собранието со 110 гласа и дека во самораспуштањето учествуваа сите политички партии и затоа треба да се почитува гласот на народот на 11 декември, додаде тој.
Вељаноски потенцираше дека 11 декември треба да биде конечен датум за одржување на изборите, а бидејќи граѓаните се најдобриот судија, токму тие ќе одлучат кој да ги добие истите.Ова го истакна спикерот Трајко Вељаноски во интервју за битолската телевизија МЕГА и додаде дека за него како претседател на Собранието, пред истот