Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска се обрати на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Софија.Осврнувајќи се на почетоците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Вељаноски оцени дека уште од самиот почеток ПСЈИЕ претставува самостоен обид на земјите од Југоисточна Европа да ги организираат меѓусебните односи на мултилатерално ниво.
– Редовните состаноци на највисоко државно, владино и парламентарно ниво се значаен индикатор за духот на кооперативноста, колегијалноста и подготвеноста за соработка во рамките на Процесот. Овој автентичен глас на регионот доведе до поголемо заедништво, помирување и враќање на довербата меѓу земјите од регионот, а низ годините прерасна во значаен форум за политички и дипломатски дијалог, во кој се вклучени сите држави на Југоисточна Европа, истакна Вељаноски.
Тој изрази уверување дека дополнителното зајакнување на ПС на ПСЈИЕ, преку формирање на Постојан секретаријат, уште повеќе ќе ја зајакне соработката меѓу националните парламенти на земјите-учеснички, како и соработката со Европскиот парламент и другите меѓупарламентарни собранија.
– Секретаријатот ќе придонесе за пошироко политичко влијание и видливост на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и зајакнување на институционалните и политичките аспекти на Југоисточна Европа како регион. Процесот на одлучување за местото за седиштето на Секретаријатот е отворен повеќе години и сметам дека е од искуличителна важност да се постигне согласност за ова прашање, рече Вељаноски.
Според него, во изминатите две декади, постигнати се значајни реформи во регионот кои обезбедиле демократизација на општествата и имплементација на европските стандарди, но во следниот период престојат уште многу предизвици кои треба да се решаваат низ отворен дијалог и соработка.
– Покрај политичките турбуленции кои ги доживува регионот, влијанието на глобалните промени во економијата и актуелната мигрантска криза предизвикуваат сериозни потешкотии кај сите земји, без исклучок. Економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување се клучни за иднината на регионот, а потребно е и да се фокусираме на солидарност за подобро решавање на мигрантската криза. Отворените прашања треба да се решаваат единствено низ отворен дијалог, потенцира Вељаноски.
Нагласувајќи дека Македонија останува активен и конструктивен партнер во регионалното опкружување, претседателот на македонското Собрание рече дека државата се залага за продлабочена регионална соработка и поврзување на регионот преку развивање и модернизација на инфраструктурата.
Посочи дека во далечната 1996 година како голем успех било оценето тоа што земјите од регионот имале сила да седнат на заедничка маса и да го пробијат мразот на меѓусебното изолирање.
– Резервите кон регионалната соработка постепено отпаѓаа, а преовладеа потребата за градење на атмосфера на меѓусебно разбирање, доверба и сестрана соработка. Денес нашите граѓани, бизнисмени, уметници, спортисти и младите секојдневно ги практикуваат добрососедските односи и меѓусебната соработка. Ние како парламентарци, мораме да го надминеме сето она што не попречува во развојот на регионалната соработка и од „балканскиот” треба да преминеме кон „нордиски” менталитет, со најразвиени форми на меѓусебно разбирање и поддршка, во насока на унапредување на добрососедските односи, рече Вељаноски во обраќањето на пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ.Осврнувајќи се на почетоците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Вељаноски оцени дека уште од самиот почеток ПСЈИЕ претставува самостое