Велјановски: Македонците се ист народ со Србите и со Бугарите? Смешно и апсурдно

Неприфатливи, неосновани, апсурдни и смешни се тврдењата на Зоран Заев дека сме истовремено ист народ и со Србите и со Бугарите, реагира вчера познатиот македонски историчар Новица Велјановски. Реакцијата дојде по вчерашното објавување две интервјуа во кои лидерот на СДСМ, Заев, направил два гафа давајќи две контрадикторни изјави во одделни интервјуа за бугарски и српски медиуми.Првин во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС тој рече дека Македонците се еден народ со Бугарите, а потоа и дека се ист народ со Србите. На ова се надоврза и изјавата со која тој го обвини актуелниот српски премиер дека води националистичка политика.
– Ние сме братски народ, еден народ. Македонија сака нормализација. Kако потенцијален мандатар испраќам пријателски пораки до Бугарија од соседна Македонија која сака да стане полноправен член на ЕУ и НАТО. Тоа единствено може да стане ако ги продлабочи пријателството и соработката со Бугарија – рече во интервјуто за БГНЕС.
За српскиот весник „Kурир“, чии газди од неодамна станаа и сопственици на македонскиот весник „Слободен печат“, кој отворено ги поддржува Заев и СДСМ, тој дури кажа дека Србите се негов народ.
– Мене не ме уценувал никој. Преговорите се за владата. Ние преговараме за тоа што партиите им го ветиле на граѓаните на изборите. Никој не бараше Зоран Заев да стори нешто против Македонците, против Србите, против која било етничка заедница или против кој и да е од нашите соседи. Ги слушнавме обвиненијата дека Заев прифатил да ја тужи Србија за геноцид. Тоа е за мене ист, мој народ – рече во интервјуто лидерот на СДСМ.
Миротворец кој нарушува соседски односи
Според историчарот Велјановски, крајно е неприфатливо еден партиски лидер да излегува со вакви тврдења кои најмногу изгледаат смешно.
– Kако да не изгледа смешно тоа кога некој истовремено тврди дека Македонците се ист народ и со Србите и со Бугарите. Тоа не само што е смешно, туку и апсурдно да го каже еден партиски лидер кој претендира да биде премиер. Треба ли воопшто да се објаснува она што е добро познато за посебноста на македонскиот народ и за тоа дека тој е поинаков од српскиот и бугарскиот. А токму од таа страна, од нашите сегашни соседи, доаѓале и с` уште доаѓаат оспорувањата на македонскиот народ и на ставовите дека ние сме едно со бугарскиот народ или дека сме дел од српскиот народ – наведува Велјановски за Дневник.
Според него, мотивот за вакви изјави на лидерот на социјалдемократите е најверојатно во тоа што тој „бара поддршка за нешто што не е сигурен дека му припаѓа“, односно дека собира политички поени.
– Не може тој во име на целиот македонски народ да истапува со вакви апсурдни тврдења. Такви апсурдности може да си кажува само во свое лично име. Ми се чини дека Заев сака да се декларира како некаков балкански миротворец, а всушност тој може да ги наруши односите со соседните земји – наведува овој македонски историчар.
Дачиќ: Зошто не ги напаѓа Рама и Тачи
Во интервјуто за српски „Kурир“ лидерот на СДСМ отвори и вербална војна со актуелниот српски премиер и со новоизбраниот српски претседател Александар Вучиќ и раководството на оваа соседна земја.
– Во Србија постои исто така националистичко раководство, тоа е раководството на Вучиќ, кое се декларира себеси како лидер во регионот, но во првата ситуација кога беше загрозена неговата политичка кариера, се покажаа сите негови националистички позиции – рече Заев во интервјуто.
На ваквиот негов став дојде и реакција од страна на српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој јавно го праша Заев: „Зошто го напаѓаш Вучиќ, а не Еди Рама и Хашим Тачи?
– Зошто Зоран Заев не ги напаѓа албанскиот и косовскиот премиер, Еди Рама и Хашим Тачи, сигурно не е толку наивен за да не знае дека концептот за голема Албанија не е комплетен без Скопје. Не знам со што Александар Вучиќ и владата на Србија заслужија ваков брутален и скандалозен напад од страна на претендентот за местото македонски премиер, Зоран Заев. Зарем не му се доста проблемите што ги има во Скопје, па сега ги бара и во Белград? – запраша Дачиќ.
Според неговите зборови, како што македонските граѓани имале право на слободен избор на свое раководство, нема ни многу посилни земји од Македонија да одредуваат кого ќе изберат граѓаните на Србија и на тоа не можат да влијаат ниту многу поголеми лидери од Заев.
– Србија кон Македонија беше искрена, ја призна под уставното име, иако поради тоа имаше проблеми со Грција. Ниту еден збор не изговори со што би се вмешала во нејзините внатрешни работи, а Македонија го призна Kосово, гласаше против Србија во УНЕСKО и сега кандидатот за премиер брутално го навредува раководството на Србија и убедливо избраниот претседател Вучиќ. Сега само уште недостига да се изгласа резолуцијата за српскиот геноцид врз Албанците – вели Дачиќ.
На интервјуто реагира и српскиот министер Александар Вулин, кој запраша дали Заев сам го смислил нападот врз Вучиќ или тоа му го рекле Рама, Тачи или Џафери.
Иван Стоиљковиќ, лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, реагира и рече дека Заев го навредил српскиот народ.
– Вчерашните изјави на Зоран Заев од позиција на умислен регионален лидер, кој во овој момент е само обичен одработувач на албанската агенда во регионот, е крунски доказ за неговото политичко слепило, неконзистентност и елементарно непознавање на состојбите како во Србија така и во целиот регион – рече тој.
СРПСКИ „ИНФОРМЕР“: ОВОЈ ЧОВЕК НЕ Е НОРМАЛЕН
Со наслов „Овој човек не е нормален“ и со фотографија на лидерот на СДСМ, Заев, српскиот весник „Информер“ ја пренесува изјавата на лидерот на социјалдемократите.
– Платеникот на Албанците и лидер на опозицискиот СДСМ бесрамно го нападна српскиот премиер Александар Вучиќ обвинувајќи го дека е националист и дека намерно предизвикува напнатост и криза во регионот. Албанскиот платеник Заев преку „Kурир“ се обидува да го измами српскиот народ. Заев измами дека со албанските партии не работи на остварувањето на тиранската платформа – пишува влијателниот српски весникПрвин во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС тој рече дека Македонците се еден народ со Бугарите, а потоа и дека се ист народ со Србите. На ова

Пронајдете не на следниве мрежи: