Венецуела: Имаме подготвен одговор при евентуален напад на САД

Николас Мадуро Гуера се заканува дека со оружје ќе ја нападне Белата куќа, доколку американскиот претседател Доналд Трамп испрати војска против неговата држава.Доколку американскиот претседател Доналд Трамп испрати војска во Венецуела, Каракас ќе има подготвен одговор, изјави синот на венецуелскиот претседател, Николас Мадуро Помладиот.
Николас Мадуро Гуера се заканува дека со оружје ќе ја нападне Белата куќа, доколку американскиот претседател Доналд Трамп испрати војска против неговата држава.
Во интервју за државните медиуми во Каракас, синот на претседателот Мадуро им порачува на Американците дека доколку „еден неверојатен настан, сепак, се случи, тогаш оружје ќе испратиме против Њујорк“.
– Господине Трамп, ние ќе дојдеме и ќе ја нападнеме Белата куќа, изјави синот на венецуелскиот претседател.
Американските медиуми кои ја пренесуваат заканата од Каракас, забележуваат дека е нејасно- дали Гуера, кога зборува за напад, мисли на Белата куќа, седиштето на американската админстрација и резиденцијата на претседателот на САД, или на седиштето на бизнис империјата на Трамп, која е во Њујорк.
Нејаснотијата доаѓа затоа што синот на Мадуро зборува за „напад врз Белата куќа“, а го споменува Њујорк.
Официјален Вашингтон претходно го осуди режимот на Мадуро за насилство врз човековите права. Повеќе од 120 лица досега се убиени во анти-владините протести, што започнаа во април.
Минатата недела, претседателот Трамп изјави дека не ја отфрла ниту можноста од воена интервенција во Венецуела.
– Венецуела не е далеку, а таму луѓето страдаат, умираат. Ние имаме многу опции за оваа земја, вклучувајќи и можна воена, ако тоа биде потребно, изјави Трамп пред американските новинари, во текот на средбата во Њу Џерси.
Американската администрација веќе воведе санкции кон претседателот Мадуро, откако тој го суспендира уставно определениот Конгрес (Парламент) на земјата, кој по последните избори е под контрола на опозицијата, со новосоздадено и паралелно уставотворно Собрание, кое го сочинуваат негови истомисленици и поддржувачи, пред кое, како што рече, единствено ќе одгвараат владата и претседателот.
Тоа паралелно собрание, треба да изработи и нов Устав со кој би се легализирала новата ситуација.
Освен заканата на синот на Мадуро, единствена реакција на изјавата на Трамп за „воена опција“ има само од Министерството за одбрана во Каракас, во која се вели дека „евентуалениот напад врз Венецуела би бил акт на лудило“.
Претставник на Пентагон во Вашингтон, за медиумите во САД, изјави дека нема никаква наредба за какво било  воено придвижување кон Венецуела, но дека ако се појави потреба тоа би можело брзо да се испланира.Доколку американскиот претседател Доналд Трамп испрати војска во Венецуела, Каракас ќе има подготвен одговор, изјави синот на венецуелскиот претсед

Пронајдете не на следниве мрежи: