Уругвајскиот интернационалец од екипата на Јувентус, е голема желба на тренерот на Арсенал, французинот Арсен Венгер.
Дефанзивецот од Јувентус, Мартин Касерес, како што пренесува „ТалкСпорт“, ги освоил симпатиите на Арсен Венгер, кој е воодушевен од неговите игри и го означил како главна мета во наредниот трансфер преоден рок.
Арсенал дефинитивно има проблеми во одбранбената линија, па се чини дека Касерес би ја пополнил таа „дупка“ во дефанзивната линија.
Венгер има предност во целата ситуација, бидејќи Касерес не е во прв план кај тренерот на Јувентус, Конте.
Сепак, Уругваецот вели дека би сакал да остане во Јувентус.
„Никогаш не сум размислувал за заминување, одлично ми е во Јувентус, се што сакам, имам овде“ изјави Касерес.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Уругвајскиот интернационалец од екипата на Јувентус, е голема желба на тренерот на Арсенал, французинот Арсен Венгер.