Венус – мистериозната мачка со две лица

Венус е мистерија на науката во 21 век. Таа има две лица, или поточно, нејзиното лице има две половини – посветла и потемна, кои се сосема различни една од друга. Дури и боите на нејзините очи се различни: едното е зелено, другото сино.Никој не знае што ја предизвикало аномалијата, но има теории за тоа од научниците кои се запознаени со митовите кои би можеле да постојат и денес.
Лесли Леинс, професор на Универзитетот Калифорнија, се занимава со изучување на домашните мачки и самата таа вели дека никогаш досега не видела мачка како Венус.
„Тоа е нешто многу, многу ретко, но можеби може да се објасни и да се разбере”, вели Лесли.

 
Научниците ги нарекуваат химери животните или растителните организми, кои се состојат од генетски хетерогени ткива.
Освен чудната мешавина помеѓу црно и жолто по крзното на двете половини од нејзиното тело – што е веројатно нешто нормално, почудната работа кај Венус се нејзините очи.
Мачјите очи обично се зелени или жолти, но никогаш сини!
„Обично, со сини очи се само сијамските или белите мачки, но Венус има единствено малку бела дамка на градите, која не е доволна за да се објаснат сините очи”, вели Лесли.
Каков и да е одговорот на загатката, факт е дека Венус им задава задачи на сите и можеби баш поради нејзиниот мистериозен изглед, се претворила во едно од најпознатите животни на интернетот.Никој не знае што ја предизвикало аномалијата, но има теории за тоа од научниците кои се запознаени со митовите кои би можеле да постојат и денес.

Пронајдете не на следниве мрежи: