Веројатно мислеле дека ќе имаат едно дете: „Еве како забременив додека БЕВ бремена“

Верувале или не, можно е да се забремени и додека жената веќе е бремена. Тоа ѝ се случило на Кајли Хил која останала бремена два пати во период од десет дена.Имено, Кајли и нејзиниот сопруг не можеле да имаат деца бидејќи таа има проблем со јајниците и немала овулација. По примањето на хормонската терапија Кајли останала бремена два пати. Овој феномен е толку редок што забележани се само 10 вакви случаи во светот.
-Тоа се вика суперфетација. Ретко се случува, но мене ми се случи. Веќе бев бремена кога се појави и втората јајце клетка. Така да моите бебиња се зачнати со разлика од 10 дена – објаснила Кејли, пишува Дејли Мејл.
Она пак што е уште почудно е дека со сопругот имала односи само еднаш.
-Замислете го тоа. Неговата сперма во мене преживеала 10 дена и оплодила уште една клетка, неверојатно – вели Кајли која се породила во декември минатата година.
Девојчињата Оливија и Шарлот по раѓањето покажувале голема разлика во тежината и развојот, но сега двете се здрави и среќни девојчиња на кои им се ближи првиот роденден.
Имено, Кајли и нејзиниот сопруг не можеле да имаат деца бидејќи таа има проблем со јајниците и немала овулација. По примањето на хормонската терапи

Пронајдете не на следниве мрежи: