Верувале или не: Петрески потрошил рекордни 2,5 милиони денари за гориво во 2012

Полека започнаа да се дознаваат информации за поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески. Имено, последната информација која можеше да ја дознае јавноста е дека Петрески потрошил рекордни 2,5 милиони денари за гориво во 2012 година.  Ова е уште една од редот незаконски и сомнотелни финасиски работења на Петрески, покрај милионските суми потрошени за ручеци, како и покривањето на трошоци за патување и сместување на неговите пријатели со општински пари. Да не ги заборавиме и рекордните суми за телефонски сметки.
Имено, инспекциските контроли, правејќи анализа на финансиската ситуација во општината која тоне во долгови доаѓаат до податоци кои го потврдуваат неодговорното работење на Петрески и неговиот тим.
Ако скандалозни беа досегашните информации за неразумните трошења на парите од граѓаните од страна на Петрески, тогаш потрошувачката на гориво за службените автомобили на општина Охрид, слободно може да се објави во рубриката “верувале или не”.
Општинската каса на Охрид, само по основ гориво за службените автомобили на локалната администрација во 2012 година е задолжена за неверојатни близу 2,5 милиони денари- пишува Курир.
Дополнително, за првите три месеци од 2013 година направен е долг од скоро 800 илјади денари по истиот основ. Каде, како, за што и кој се ги употребувал општинските возила е друго прашање кое ќе бара дополнително време за анализа. Бесцелните и повеќе туристички отколку работни патувања, биле секојдневие во работата на Петрески и неговите блиски соработници.
Фактот што поранешниот раководител на секторот за локален економски развој на Охрид, само по основ на дневници за неколку години заработил дополнителни околу 12.000 евра, без никаков ефект по развојот на градот, зборува за немањето одговорност во трошењето на парите на охриѓани.  
Секојдневните информации кои пристигнуваат, говорат за фрапантни и скандалозни состојби кои ги направил поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, кој покрај тоа што без контрола ги трошел парите на граѓаните, тој неморално го зголемувал долгот на Охрид до неверојатни граници.
Претходно, имаше информација, која може да ја прочитате на следниот ЛИНК, дека Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Во два ресторана во Охрид, чии сопственици се негови блиски луѓе, тој за една година направил цех од близу 700.000 денари. Фактурираните суми се веднаш исплатени во целост од страна на општинската каса.
 Само во 2012 година на име трошоци за мобилна телефонија, општината платила близу два ипол милиони денари за повеќе од 90 службени мобилни телефони, кои ги користеле лица во општината без никаков правилник за користење на службени мобилни телефони.
Ваквото неодговорно раководење со општината сега излегува на виделина со низа информации кои говорат дека охриѓани со право не му ја дадоа довербата на човекот кој недомаќински ги трошеше нивните пари. Охрид не случајно е убедливо најзадолжената општина во Република Македонија.
Извор: Kurir.mkПолека започнаа да се дознаваат информации за поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески. Имено, последна

Пронајдете не на следниве мрежи: