ВЕРУВАЛЕ, ИЛИ НЕ: Тесниот фустан ѝ го спасил животот!

Зои Тарнер (21) од Вејкфилд, купила исклучително тесен фустан кој на навистина чуден начин ѝ го спасил животот.Зои го облекла фустанот за забавата која ја организирала нејзината мајка. Кога забавата завршила и одлучила да си оди дома, не очекувала дека ќе ѝ се случи нешто лошо.
Таа, заедно со тројца пријатели повикале такси, а Зои во автомобилот седнала на предното седиште и ставила појас.
Кога тргнале, доживеале сообраќајна, а во автомобилот од совозачката страна, удрил камион кој пренесувал цемент.
Ударот бил толку силен, што таксистот излетал од седиштето низ шофершајбната, а тројцата нејзини пријатели изгубиле свест на лице место.
Верувале или не, Зои останала свесна и мислела дека сите нејзини пријатели се мртви. Вистинското изненадување следувало откако сите биле пренесени во болница.
Имено, докторите ѝ рекле на Зои дека треба да му се заблагодари на продавачот од каде што го купила фустанот, затоа што токму тесниот фустан ѝ го спасил животот.
Фустанот бил толку тесен, што ѝ ги стискал коските и не дозволил тие да се скршат.
Таксистот се здобил со скршеница на вратот, а нејзините пријатели со скршеници по целото тело.
Зои го облекла фустанот за забавата која ја организирала нејзината мајка. Кога забавата завршила и одлучила да си оди дома, не очекувала дека

Пронајдете не на следниве мрежи: