Веруваме дека договорот може да биде подобар без да се наштети никому

По однос на оние четири или пет прашања од Бугарска страна сите се задоволени и ние немаме никаква причина да го критикуваме тој факт, бидејќи нормално е бугарската Влада да се залага за што е можно подобар договор и затворање на нивните национални интересни. Од страна на прашањата кои се битни за македонската страна оставен е сериозен простор за подобрување и ние сметаме дека тоа може да се направи без да се наштети ниту на Бугарија, ниту на целокупниот однос на двете земји на патот кон интеграција на Македонија кон Европската Унија.Ова во денешното гостување во Вестите на Телевизија Сител го истакна поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, кој вели дека дека е природно бугарската опозиција да го поддржи  договорот со Македонија, бидејќи станува збор за еден од најдобрите договори кои Бугарија некогаш ги потпишала со други држави.
-Веројатно Бугарија во иднина нема да склучи договор со ваква важност и вакво затворање на нивните национални интереси, односно листање на тие приоритети кои тие ги фиксирале. Така што не изненадува овој факт. Сметам дека би било одлично доколку ист таков резултат можеме да постигнеме во Македонија. Постои уверување дека тоа може да се постигне и на тој начин и во Бугарија и во Македонија сите би биле задоволни, потенцира Попоски.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ верува оти договорот може да биде подобар без да се наштети никому во овој процес.
Целото интервју на Попоски можете да го погледнете на следното видео:
 
Ова во денешното гостување во Вестите на Телевизија Сител го истакна поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, кој вели дека 

Пронајдете не на следниве мрежи: