ВЕРУВАЊА и ОБИЧАИ: Еве што МОРА да направите на ТРЕТ ДЕН Велигден!

Светол или Велигденски вторник е втор ден по Велигден кога продолжува прославувањето на најголемиот христијански празник – Велигден, како во црквите така и во домовите на православните верници.Велигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и пријателите, па во тоа време се собираат и роднините од подалечните краишта.
Кај народот овој вторник се смета за најдобар вторник во целата календарска година. Во некои села, се одржуваат и свадби, зошто се смета дека овој ден има посебен благодет кој се пренесува на новите сопружници и нивното новоосновано семејство.
Според преданието, во недела рано пред зори Марија Магдалена, Марија Јаковлеа, Саломија и некои други жени отишле со подготвено миро до гробот на Христа.
Големиот камен со кој бил затворен Христовиот гроб бил тргнат, а гробот празен. На каменот седел ангел Божји, со лице како молња и одежда бела како снег…

 
Стражарите – војници биле вкочанети од страв, а тогаш им се обратил ангелот: „Не се плашете, зошто знам дека го барате распнатиот Исус. Не е тука зошто стана. Одете брзо и кажете им на неговите ученици дека Воскресна.
Жените и збунетите војници веднаш се стрчале во градот за да ги известат еврејските поглавари за тоа што виделе, а народот многу се израдувал.
Поради тоа единствена работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските.
Народното верување вели дека оние кои не го почитуваат ова едноставно “правило“ му пркосат на Бога и Христа и нема да им оди во животот „како што треба“.
Народно верување: Дознајте што значи ако на Велигден паѓа снег – на следниот ЛИНКВелигденските празнувања траат три дена, а на Велигденскиот вторник продолжуваат гозбите и веселбите на кои доаѓаат роднините, кумовите, соседите и

Пронајдете не на следниве мрежи: