Верувате ли во магија и Дедо Мраз?

Почувствувајте ја празничната магија и верувајте во Дедо Мраз, бидејќи тој пристигна во Ramstore Mall. Од изминатот петок па се до крајот на овој месец (5.12.2015 – 31.12.2015) сите посетители на Ramstore Mall ќе имаат можност да се запознаат со Дедо Мраз и да уживаат во возбудливите и магични настани кои тој ги приредува. Многу театарски претстави за деца, креативни работилници, фотографирање и секако она што Дедо Мраз најдобро го прави, делење подароци. Подароци нема да дели само Дедо Мраз. Ramstore Mall традиционално и оваа година, ги повикува сите посетители да помогнат во добротворната акција на исполнување новогодишни желби на децата сместени во згрижувачки семејства. Нивните желби ќе можете да ги најдете прикачени на Волшебната новогодишна елка, а подарокот кој сакате да го купите оставете го под неа.
Почувствувајте ја еуфоријата на предновогодишното лудило. Вториот викенд од месецот
(11.12 – 13.12) ве очекуваат експлозивни доживувања. Како главен се издвојува полноноќниот шопинг на 11.12.2015 со големи попусти во сите продавници на Ramstore Mall до 24:00 часот. Изненадувања ќе има преку целиот викенд, Happy Hour во кој сите посетители ќе имаат можност да освојат подароци со сметка над 1500 денари од 22:00 до 24:00ч, новогодишен базар, викенд забава со Дедо Мраз и подароци за најмалите, викенд театарски претстави за деца и млади и забава со познати музички бендови.
Живејте во духот на празниците!Од изминатот петок па се до крајот на овој месец (5.12.2015 – 31.12.2015) сите посетители на Ramstore Mall ќе имаат можност да се запознаат со

Пронајдете не на следниве мрежи: