Ветеното го реализираме, Охрид ќе добие марина и експресен пат до Пештани

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која на предвремените парламентарни избори ја доби довербата од граѓаните на Република Македонија, па токму поради тоа денес сакам да укажам на делот на ветувањата кои ги дадовме во предизборната кампања и да потенцирам дека тоа се ветувања и проекти кои произлегуваат од реалната потреба на граѓаните, изјави Љубен Арнаудов од ВМРО-ДПМНЕ.
 Тој  потенцираше на изградбата на марина во Охрид кој ќе се реализира од 2018-2020 година и ќе чини 2 милиони евра, а целта е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро.
-Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за маневрирање. Исто така марината ќе има  и други содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор, рече Арнаудов.
Тој потсети и на ветената изградба на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 километри.
-Со изградбата на овој пат ќе се допринесе за развојот на туризмот во охридскиот регион, но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во галичкиот предел како во летниот така и во зимскиот период, додаде Арнаудов.
Како што рече Арнаудов, ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш се стреми кон реазлизација на ветените проекти, но пред се партија која ги чува националните интереси и дека секогаш стои зад дадениот збор и даденото ветување.Тој  потенцираше на изградбата на марина во Охрид кој ќе се реализира од 2018-2020 година и ќе чини 2 милиони евра, а целта е да се задоволат

Пронајдете не на следниве мрежи: