Организацијата на ветераните на Ослободителната Војска на Косово во Пеќ реагираа за судењето што се одржува за случајот Куманово.-Барањето за доживотен затвор за обвинетите, е неправедно, бидејќи случајот не е расветлен колку што треба и затоа што сеуште никој нема превземено одговорност за тие што загинаа во тортура по нивното апсење. Ова барање, станува уште поабсурдно, со оглед на фактот дека шефот на операцијата во Куманово (поранешен шеф на антитерористичката единица), е уапсен во Грција, каде што има побарано и азил, за да не се соочи со судот за случајот Куманово, се вели во соопштението на ОВВ (Организација на Воените Ветерани) на УЧК.
Пеќката ОВВ бараат овој процес да се третира како политички и да се реши по пат на заеднички двостран договор.
Пеќките ветерани очекуваат судот да ги отфрли наводите на Обвинителството и за случајот да се преговара со Владата на Косово, за во најмала рака, ако се донесе одлука за да бидат казнети, казната да ја одлежат во Косово, покрај нивните семејства. Оваа практика се случува во сите цивилизирани земји.
-Ги повикуваме нашите соборци кои се наоѓаат заробени во затворите на БЈРМ, да бидат горди и силни. Ние сме секогаш со нив, со сите можности што ги имаме. На крај ние ја изразуваме нашата загриженост, за незаинтересираноста на официјална Приштина, која има обврска да асе грижи за сите косовски граѓани, без разлика каде се наѓаат. Вознемирувачка е и незаинтересираноста на политичарите, воените здруженија на УЧК и граѓанските организации кои дејструваат во БЈРМ. Недостигот на реакција за овие судски процеси, дури и со еден протест, е показател за потпаѓањето на окупациските практики кои БЈРМ како држава ги спроведува спрема Албанците. Оваа рамнодушност би можело да донесе последици до дестабилизација на регионот, се вели во соопштението на ОВВ на УЧК.-Барањето за доживотен затвор за обвинетите, е неправедно, бидејќи случајот не е расветлен колку што треба и затоа што сеуште никој нема превземено