Ветераните на УЧК преку отворено писмо повторно бараат слобода за членовите на терористичката група од Диво Насеље. Писмото го упатуваат до претседателот на Албанија Бујар Нишани, претседателот на Косово Хашим Тачи, како и до албанскиот и косовскиот премиер, Еди Рама и Иса Мустафа.-Зошто е овој тотален молк од страна на двете држави, од Албанија и од Косово, во врска со случајот на кумановската група. Зошто е оваа тотална незаинтересираност, за граѓаните на државата кои дадоа се од себе, за слобода и ослободување на Косово. Зошто е оваа незаинтересираност од албанската држава, кога со Устав и закони е обврзана да излезе во одбрана на Албанците, без разлика каде живеат тие, стои во писмото.
Член 8
Република Албанија ги брани националните права на албанскиот народ кој живее надвор од нејзините граници.
Република Албанија ги брани правата на албанските државјани со привремен или постојан престој надвор од нејзините граници.
Република Албанија му обезбедува помош на албанските државјани кои што живеат и работат надвор од државата за да ги одржат и да ги развијат односите со националното културно наследство.
-Поминаа две години од случувањата во населбата на хероите во Куманово, од 9-10 мај во 2015 година, случај кој ја вознемири широката јавност, национална и меѓународна, за бруталноста, дивјаштвото на БЈРМ кон еден дел од населбата во Куманово, која е населена со цивили, каде што наоѓаа борците на УЧК, реорганизирана, или како што сега се познава групата од Куманово. Во овие борби паднаа, во Алтарот на слободата десет народни херои и затворени се 37 членови од оваа група. Бруталноста, насилството кое не запираше врз членовите на оваа група, се извршуваше од страна на славо-македонската полиција, кое е невидено до сега, и во судница ги носеа со повреди, од насилството на славо-македонските варвари. Додека пак молкот од двете држави, од албанските политички партии кои делуваат во БЈРМ, молкот на Организација на Ветераните на УЧК, молкот на албанското граѓанско општество, во сите етнички територии на Албанија, е просто сиромаштија на граѓанското општество од страна на владите. Сега од пишувањата и изјавите на уапсените од овој случај, излегува на виделина една вистина: Кумановската група и нејзините членови беа во контакт со високи преставници од тајните служби на ДБК, Шенаси Мехмети и други членови на оваа тајна служба. Исто така за оваа група знаеше и албанската тајна служба ШИК како и косовската АКИ, се наведува во писмото на ветераните на УЧК.
Тие го поставуваат прашањето зошто не дејствувале тајните служби на Албанија и Косово за спречување на, како што велат, ова предавство.
-Затоа што изјавите на уапсените кажуваат дека и високи фунционери на ДУИ знаеја за оваа група, но како што се гледа кумановската група ја жртвуваа за цели кои само тие самите ги знаат. Веќе две години трае монтираното и политичко судење за членовите на ова група и сега е при крај, затоа од горенаведените и надлежни институции бараме да се преземат сите потребни мерки, за бранење и ослободување на овие членови, затоа што самите нивни изјави кажуваат дека имале своја платформа, нешто за кое вие погореспомнатите знаете многу добро. Како група на ветераните, бараме да се ослободат нашите другари, допринесувајќи за мирот и стабилноста во БЈРМ и регионот, затоа што нашиот регион многу страдал од нестабилност и војни, веруваме дека е дојдено времето на мирот. За секое ескалирање на ситуацијата, одговорноста паѓа врз криминалниот суд и државата БЈРМ, паѓа и врз вас.
Ние сме со нашите другари, со нашите соборци и со нивните фамилии и следиме како се одвива ситуацијата.
Ако двете албански држави ги оставија овие луѓе како сираци, ние поранешните нивни соборци нема да ги оставиме како сираци!!!, стои во писмото на ветераните на УЧК.-Зошто е овој тотален молк од страна на двете држави, од Албанија и од Косово, во врска со случајот на кумановската група. Зошто е оваа тотална нез