Претседателот на СДСМ и нов македонски премиер, Зоран Заев вечерва одговарајќи на прашања на уредниците на македонските телевизии на МРТВ ретерираше од низа ветувања дадени на зиборите.Заев вечерва директно ретерираше од изборните верувања и во вториот ден работен ден им соопшти на граѓаните дека дури за неколку години можеле да се очекуваат економските придвижувања.
На прашањето за тоа кога очекува да се оствари неговото ветување дека просечната плата ќе достигнела 500 евра, Заев изјави дека веројатно тоа ќе станело реалност некаде во 2019-та година.
– Тоа нема да се случи веднаш. Просечната плата од 500 евра веројатно ќе стане реалност во 2019 година. На ваквиот став на Заев реагираа уредниците, кои забележија дека лидерот на СДСМ сега ретерира од ветувањата.
Од вечерашното интервју на Заев се доби впечаток дека новиот премиер нема основни познавања за економијата, особено за странски инвестиции. Јавноста е зачудена од површноста за концептот на СДИ, што претставува опасност од крах на целокупната економија.
Истиот оној Заев кој сега ретерира од ветувањата за 500 евра просечна плата, на вработените во неговите фирми со години наназад им дава околу 150 евра плата. Прашањето кое се поставува во јавноста е зошто во своите компании не го правеше она што го ветува јавно.
Просечната нето плата за периодот 2006-2016 е зголемена за 63%, бруто платата за 40%
Нето платата во август 2006-та година изнесуваше 13.718 денари, додека десет години подоцна, македонските граѓани имаат значително поголеми примања и истата изнесува 23.000 денари. Дополнително, во 2006-та година многу повеќе од бруто платата одеше за персонален данок и придонеси, а сега повеќе оди за нето-плата на работникот.Заев вечерва директно ретерираше од изборните верувања и во вториот ден работен ден им соопшти на граѓаните дека дури за неколку години можеле да с